Активности во Дојран

 -Црква Св. Илија

Црквата е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од Велешкото село Папрадиште. Требала да им служи на сите дојрански христијани, но место тоа, станала јаболко на раздорот. По самата изградба, турскиот султан со указ ја дава на користење на грчките попови, односно на грчката патријаршија. Бидејки дојранските верници не го разбирале грчкиот јазик побарале од султанот да им ја даде на управа ним, односно богослужбата да се врши на словенски јазик...

 - Саат кула

Саат-кулата на Дојран е изградена во 14 век. Според легендата пренесена низ многу генерации, кулата била изградена од Евренос-бег, во чест на освојувањето на Дојран. За време на Првата светска војна, кулата беше делумно уништена, и денес останува во иста состојба.

 - Турска бања-амам

Бањата се наоѓала во горниот дел на Дојран, населена со турско население, во минатото. Времето на изградбата не е познато.

 - Манастир (Марија-Магдалена)

Св. Марија Магдалена претставува главната манастирска црква во манастирскиот комплекс Партениј Зографски во Стар Дојран . Таа претставува една од трите цркви во манастирот.

 -Д фестивал

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, кој ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно Дојранско крајбрежје – Д Фестивал веќе ја потврди и оправда иницијативата на најдобар начин. Ова е млад фестивал кој, благодарение на илјадниците фанови и најдобрите артисити од локалната, регионалната и светската музичка сцена, секоја година се одржува во одлична атмосфера константно доведувана до еуфорија и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија.

 

mk_MK