За настанувањето на Дојранското Езеро постојат повеќе легенди со убавата девојка Дојрана. Една од нив вели дека Дојрана одела по вода на изворите кои морале да се затворат по употреба. Еден ден во моментот кога Дојрана ги полнела стомните со вода, чула дека нејзиниот сакан се вратил од војување и од возбуда заборавила да го затвори изворот. Езерото Дојран, според оваа легенда е резултат на нејзината невнимателност од љубовниот занес.
Иако најдлабоката точка на Дојранското Езеро е само 10 метри, тоа изобилува со живот. Големата количина на алги кои растат во езерото и големиот број на планктони на неговата површина ги прават водите на Дојранкото Езеро исклучително погодни за лекување на реума, кожни и респираторни болести, па многу туристи го посетуваат токму од овие причини.